Утрински Весник
Македонија

МВР за насилството на началникот во Демир Хисар: Преземаме соодветни мерки

Mvr Policija 4.jpg

Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности од своја надлежност за што дополнително ќе ја известиме јавноста.

Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи во врска со видеото што беше објавено на социјалните мрежи на кое началник бара директорката на средно училиште на носилка на Брзата помош да биде однесена на информативен разговор во полициска станица. Од Обвинителството, пак, соопштија дека имало налог за претрес, но не и за приведување и итен распит.


Од МВР соопштија дека биле извршени претреси во врска со сомнение за кривично дело „Одземање или уништување службен печат или спис“. „На 08.08.2025, по претходна пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 390 од Кривичниот законик – „Одземање или уништување службен печат или спис“ врз основа на наредба од Основен суд Битола, во периодот од 19:25 до 20:20 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар, во присуство на адвокат, извршиле претрес во домот на М.Л. (57) од Демир Хисар. Исто така, со судска наредба, во периодот од 20:45 до 21:30 часот бил извршен претрес и во службените простории во средно училиште кои ги користи М.Л“, соопшти МВР.

Можете да прочитате

Се зголемува фреквенцијата на ГП “Блато” кај Дебар, само вчера за минале над 7,4 илјади патници

ЦУК: Три активни пожари, два се изгаснати

Случајот „Демир Хисар“ ја отвори дилемата – закон за сите или само за послабите?