Утрински Весник
Македонија

„МВР за граѓаните“ – Преку партнерство меѓу полицијата и заедницата до зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење

„МВР за граѓаните“ – Преку партнерство меѓу полицијата и заедницата до зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење

Денеска Министерството за внатрешни работи преку претставници од секторите за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат продолжи со активности од кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“, чија цел е доближување до граѓаните на суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата.

dobivaj vesti na viber

Важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, како и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет беа дел од темите на кои граѓаните имаа можност низ непосредни средби да поразговараат со полициските службеници во скопската општина Аеродром, Кратово, Кичево, Крушево, Тетово, Неготино, Радовиш и Виница.

Полициските службеници во разговорите со жителите на овие градови, ја објаснуваа улогата на полицијата во државата и во заедницата како институција задолжена за безбедноста на граѓаните и општеството.

Покрај гарантирање на редот, мирот, безбедноста и владеењето на законите, полицијата работи на сузбивање на криминалот и води бескомпромисна борба со сите криминогени појави во општеството, па акцентот на средбите беше ставен и на превентивните мерки за зголемување на сигурноста на граѓаните, како и на почитувањето на основните права и слободи за граѓаните и обезбедувањето граѓански услуги.

Главната порака на кампањата која ја потврдија и граѓаните со својот интерес е дека полициското работење во заедницата значи градење на партнерство кое се базира на доверба меѓу полицијата и граѓаните, а планската соработка придонесува за спречување на криминалот со краен резултат зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење.

Инаку, за потсетување, досегашните реформи и вложување во полицијата од актуелното раководство се наградени со висока доверба од страна на граѓаните, значително зголемена во последниве неколку години, а според нивните оценки полицијата стана една од трите најтранспарентни институции во државата. Така, активната транспарентност на МВР од просечни 59.5% во 2016, во 2022 достигна високи 91.7%, што претставува скок за 32.2%, поминувајќи три нивоа, од крајно затворена институција до многу добра активна транспарентност.

Кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“ започна пред две седмици во осум градови на Секторите за внатрешни работи и ќе продолжи и следниот викенд низ поголем дел од градовите во државата.

Можете да прочитате

Основното јавно обвинителство Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот за злоупотреби во РЕК Битола

Лекови, цигари, облека, пари…што сѐ заплени македонската царина

ВМРО-ДПМНЕ: Таравари да одговори со што го уценија ДУИ, и тој како СДСМ се претопи во нивната криминална шема