Утрински Весник
Македонија

МВР: Внатрешна контрола презема мерки за синоќешниот претрес во Демир Хисар

Mvr Vrabotuva 50 Diplomci 165439.jpg

На 08.08.2025, по претходна пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 390 од Кривичниот законик – „Одземање или уништување службен печат или спис” врз основа на наредба од Основен суд Битола, во периодот од 19:25 до 20:20 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар, во присуство на адвокат, извршиле претрес во домот на М.Л. (57) од Демир Хисар. Исто така, со судска наредба, во периодот од 20:45 до 21:30 часот бил извршен претрес и во службените простории во средно училиште кои ги користи М.Л.

Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола,криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности од своја надлежност за што дополнително ќе ја известиме јавноста.


Можете да прочитате

МВР за насилството на началникот во Демир Хисар: Преземаме соодветни мерки

Случајот „Демир Хисар“ ја отвори дилемата – закон за сите или само за послабите?

Локалните избори закажани за 19 октомври 2025 година – вториот круг на 2 ноември