Утрински Весник
Македонија

МВР со детали за тепачката на базенот во Штип: млада радовишанка е тепана и пријавила

МВР со детали за тепачката на базенот во Штип: млада радовишанка е тепана и пријавила

Министерството за внатрешни работи објави детали за масовната тепачка на градскиот базен во Штип, каде што со боксови се тепаа мажи и жени.

dobivaj vesti na viber

На 17.7.2023, во 16.10 часот, во Полициската станица Штип, Е. Н. (25) од с. Бучим, Радовишко, пријавила дека околу 15.30 часот на градскиот базен во Штип била физички нападната од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Пресметката се случила вчера во текот на попладневните часови, а од снимката што е објавена се гледа како на еден ќош се тепаат три жени, а од другата страна двајца мажи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Makfax (@makfax.mk)

Поводот за тепачката е сѐ уште непознат, но многумина на социјалните мрежи коментираат дека ова однесување е непристојно, особено затоа што се случува на јавен простор и пред деца.

Можете да прочитате

Тестирање на сообраќајните камери во Скопје од 20 до 31 јануари

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје

АВМУ со повик до инфлуенсерите и јутјуберите