Утрински Весник
Македонија

МВР со детали: Со Тодоровиќ уапсени уште четири лица, сомневањата се за перење пари и злоупотреба на службената положба

МВР со детали: Со Тодоровиќ уапсени уште четири лица, сомневањата се за перење пари и злоупотреба на службената положба
Dik 300x250 mk

МВР соопшти први детали за апсењето на ексградоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ заедно со уште четири лица.

dobivaj vesti na viber

„Вчера во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, а со наредба на судија на претходна постапка, лишени се од слобода пет лица во врска со чл.273 ст.5 и чл.353 ст.5 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Лицата се приведени и задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Како што дознава „Макфакс“ ќе се бараат мерки за обезбедување присуство, а засега не е познато дали тоа ќе биде притвор, куќен притвор или одземање на патна исправа.

Поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ е уапсен под сомневање за злоупотреба на службената положба и овластувањата и за перење пари за спомениците во Скопје, дел од проектот „Скопје 2014“. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција закажа прес-конференција за постапувањето по предметот за проектот.

Пред 5 години Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три лица, меѓу кои и ексградоначалникот на Општина Центар, за криминал за изградбата на пешачкиот мост „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.

Можете да прочитате

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ЦИОС – група, Загреб: „Македонски железници – Транспорт” ни должат 25 милиони евра за кои гарантира државата Македонија со закон од 2004 година

Милевски: Сомнителен молк на кандидатот на ДПМНЕ, Костадиновски за случајот Детонатор, за Пулс, дивата сеча и тепањето советник