Утрински Весник
Македонија

МВР со детали: 65 годишен татко го пукал во глава 39 годишниот син

Blok70.jpg

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека на (02.01.2025) околу 18:50 часот во Блок 70, во својот дом бил пронајден С.Н. (39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. Во домот, неговиот татко М.Н. (65) бил пронајден во бессознание и веднаш пренесен во Ургентниот центар во Тетово од страна на Итната медицинска помош.

Во просторијата каде што е пронајден починатиот, била пронајдена ловечка пушка. По преземените истражни мерки и активности, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело „убиство“ извршено на 31.12.2024 година. Според истрагата, по претходна физичка пресметка, М.Н. со ловечка пушка го усмртил својот син С.Н.


Случајот е во фаза на документирање, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничениот.

Можете да прочитате

Ученик од Миравци дискриминиран поради фризура

Апел за помош: Виктор Васиљевиќ починал во Шпанија, а семејството нема доволно средства за да го донесе дома

Брајовото писмо останува недостапно за учениците во Македонија, над 1.000 лица немаат пристап до него