Утрински Весник
Македонија

МВР со апел за безбедни матурски прослави

Image 2025 05 19 103427827.png

„На матурска прослава без автомобил!”, „Без конзумирање алкохол!”, Без користење наркотични средства!”, „Без нарушување на јавниот ред и мир!”

Сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи се млади луѓе – матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот живот.


Одговорноста за девијантното однесување на дел од матурантите во сообраќајот е  првенствено кај младите, но и кај нивните родители.

Не дозволувајте им на своите деца да одат на матурска прослава со автомобил. Грешките во сообраќајот може да бидат фатални. Затоа: „На матурска прослава без автомобил!”, „Без конзумирање алкохол!”, Без користење наркотични средства!”, „Без нарушување на јавниот ред и мир!”

Можете да прочитате

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

Жена удрена од електричен тротинет на автобуска постојка

Млад човек починал во стан во Скопје