Утрински Весник
Македонија

МВР со апел до граѓаните: Да не отвораат линкови од СМС пораки

Mvr.webp.webp
Dik 300x250 mk

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број случаи на испраќање лажни SMS пораки кои лажно се претставуваат во име на телекомуникациски оператори.

„Овие пораки содржат линкови до лажно дизајнирани веб – страници со цел да ве наведат да внесете лични или финансиски податоци, кои потоа можат да бидат злоупотребени од страна на криминални групи.
Апелираме до сите граѓани да бидат крајно внимателни и да постапуваат одговорно: Не отворајте линкови од сомнителни испраќачи;
Не внесувајте лични податоци на непроверени страници;
Не одговарајте на вакви пораки;
Пријавете го случајот во најблиската полициска станица;
Блокирајте го бројот на испраќачот.


Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки и води постапки во врска со вакви измами“, се истакнува во соопштението.

Можете да прочитате

Зохиу: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи

Лашкоска: Протоколот за вода и здравје – рамка за побезбедна и поодржлива иднина

Од утревечер повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни