Утрински Весник
Скопје

МВР: Скопјани кои се сликале во „Пролет” и „МТВ” можат статусот на пасошот да го проверат онлајн

Pasosi.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Град Скопје дека денес е ставенa во функција можноста граѓаните на Град Скопје кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите „Пролет” и „МТВ”  да го проверат статусот на нивниот пасош, односно дали истиот е во процес на изработка или е изработен и може да се подигне.

Со оваа функција значително ќе се придонесе кон намалување на гужвите кои се создаваа бидејќи граѓаните беа приморани да чекаат и по неколку часа само за да се информираат дали нивниот пасош е изготвен.

Исто така, во тек е надградување на овој систем со цел да се овозможи ваквата проверка да биде достапна и за останатите пунктови, како и за статусот на личните карти.

Проверката може да се направи на следниот линк:
https://termin.mvr.gov.mk/document_status

Можете да прочитате

Тепачка во угостителски објект во Аеродром

Мицкоски: Вкупно околу 110 милиони денари се вложени во ГАК, од кои 35 милиони се за реновирање

Доделени признанијата за најдобар пожарникар, полицаец и крводарител на град Скопје