Утрински Весник
Македонија

МВР: Расчистен случајот со обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново, поднесена кривична пријава

Aracinovo 1.png
Dik 300x250 mk

СВР Скопје го расчистил случајот со обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново од 1 април годинава. Откриен е идентитетот на сторителот на кривичното дело и против него до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава за „убиство во обид”.

Како што информира утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за 36-годишен М.А. против кого вчера била поднесена пријавата до ОЈО Скопје „по целосното комплетирање на службените материјали и извршените вештачења“.

МВР потсетува дека кривично-правниот настан се случи на 1 април 2024 во скопското село Арачиново, кога беше пријавено дека кон градоначалникот на општина Арачиново Р.И. и други лица вработени во општината, непознато лице од автоматско оружје испукало повеќе проектили додека тие вршеле увид во градежни работи. Во пукањето биле повредени Е.С. (39) и А. А.(22).

-Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, преземени се бројни оперативно-тактички и истражни дејствија, при што е утврден идентитетот на сторителот, информира Министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Политиката ја јаде и уметноста: ВРЕДИ за свој успех си припишува настап на Филхармонија во Виена

Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат

Забрчанец: Граѓаните и фирмите го поддржуваа, а властите се откажаа од Отворениот Балкан