Утрински Весник
Македонија

МВР: Пронајдени дрога и пиштол во тетовско, лишени од слобода четири лица

Policija.webp.webp

На 28.08.2024 во 17.30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С. (23) од с.Требош, Е.К. (21) од с.Палатица и две малолетни лица.

Имено, по претходно добиени оперативни информации и преземени соодветни мерки и активности, лицата се лишени од слобода во с. Палатица, на место викано „Рон Скура“ во импровизирана колиба, каде препакувале марихуана за натамошна продажба. При тоа се пронајдени марихуана, пиштол и куршуми. При приведувањето, Е.К. нападнал полициски службеник.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесено соодветни пријави до надлежното обвинителство, соопштија од МВР.

Можете да прочитате

Разбиена радикална ќелија, најдено оружје, уапсени три лица

Уапсен скопјанец, од касата каде што работел си зел 50.000 евра

Ристовска вршела тортура врз вработените во ДКСК, тврдат од Левица