Утрински Весник
Македонија

МВР приведе лажен поп – мамел луѓе во тага на гробиштата во Ѓорче Петров и Волково

Shutterstock 1676269891.jpg

Необичен инцидент се случил викендов на гробиштата во Ѓорче Петров и скопско Волково, каде според сведоштва на граѓани, лице облечено во мантија се претставувало како свештено лице и нудело да врши погребни обреди за пари.

Како што сведочи еден граѓанин во објава споделена на социјалните мрежи, при обид „попот“ да отпее погреб, на местото пристигнале неколку полициски службеници кои го привеле, по што гробот останал „неиспеан“.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека на 1 ноември 2025 година, на гробиштата во Ѓорче Петров, полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров го легитимирале Б.П., кој извршувал верски активности. „Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Читателка на Скопје Инфо исто така сподели сведоштво за настанот што се случил токму за време на верскиот празник викендов.

„Го повикавме да ’пее’ и кај нас. Само што дојде и пред да започне со чинот, еден постар господин од соседните гробови извика дека тој бил лажен поп. Дедо ми веднаш се обиде да го задржи, а господинот што го препозна рече дека повикал полиција и дека таа веќе е на пат. Но, лажниот поп успеа да се оттргне и да избега“, сведочи скопјанката.

Можете да прочитате

По убиството во Охрид, Димоски: Македонија станува небезбедно место за живот

Шок во Скопје: 14-годишно девојче во поодмината бременост, случајот пријавен во полиција

„Наместо разбирање – медиумски линч“: Синот на Жарко Грозданоски со порака до јавноста