Утрински Весник
Македонија

МВР предупредува на измами на повозрасни лица преку телефонски повици

Svr kocani.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во изминатиот период во ОВР Кочани граѓаните пријавиле повеќе кривични дела „измама” кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведувааат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни блиски кои, наводно, предизвикале сообраќајна несреќа со смртни последици, информира СВР Штип.

Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелира да не наседнуваат на ваквиот вид измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Филипче за изјавите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија тоа нема да му помине

Костадиновски: Укинувачка одлука на Кривичниот законик во февруари би направила поголема штета од онаа што ја направија пратениците

Филипче: Сиљановска ја избра најкорупмпираната власт која ја носи Македонија во изолација