Утрински Весник
Македонија

МВР: Потпишан Меморандум за соработка со Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби

20240816110308 Big 730x400 27.webp.webp
Dik 300x250 mk

Денеска (16.08.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Претседателката на Ресурсниот центар, Радмила Цветковска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи – Центар за обука и Здружението на граѓани – Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби.

Овој Меморандум има за цел развивање на меѓусебна соработка во делокругот на обезбедување и промовирање на правата на децата/лицата со попреченост и нивните семејства преку организирање и спроведување на заеднички обуки за постапување и третман на овие лица.

Преку Центарот за обука на МВР ќе се спроведуваат обуки за полициските службеници, со цел соодветно постапување, поедноставен пристап и комуникација доколку при своето работење наидат на деца/лица со попреченост.

Можете да прочитате

Фатени дилери на дрога, меѓу нив и дете

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд