Утрински Весник
Македонија

МВР: Поради протестите, посебен сообраќаен режим во Скопје

Автобус на ЈСП нагло закочил и удрил во рампа, повредени најмалку две лица

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска, поради одржување протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

Почнувајќи од 17 часот, па сѐ до завршување на протестот, за сообраќај ќе бидат затворени следните крстосници: булеварот Партизански одреди со булеварот ВМРО во правец кон Карпош, булеварот Партизански одреди со улицата Франлкин Рузвелт во правец кон Центар, булеварот Илинден со булеварот Св. Климент Охридски во правец кон Соборниот храм и булеварот Св. Климент Охридски со улицата Димитрије Чупоски во правец кон Соборниот храм.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива протестот.

Можете да прочитате

По повеќе од четири часа прекин, „Евзони“ повторно е отворен за сообраќај

Филипче за протестот на ДУИ: Кога сакаме да гледаме претстава, одиме во театар!

Спасовски: Апсолутна невистина е дека во 2021 се донесла одлука за градење бегалски камп – тоа требаше да биде Центарот за странци