Утрински Весник
Македонија

МВР ѝ поднесе кривична пријава на поранешната директорка на гимназијата во Демир Хисар

Maja lozanovska policija demir hisar1.jpg
Dik 300x250 mk

Денеска (15.08.2025) ОВР Демир Хисар до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против М.Ј. (57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис” по член 390 од КЗ.

Пријавената во периодот од 06.08.2025 до 13.08.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков” од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка Ј.Д. (43), назначена за в.д. директор на СОУ „Крсте Петков Мисирков” во Демир Хисар со одлука од страна на општина Демир Хисар од 05.08.2025.


Можете да прочитате

Ќе нема енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи, вели Мицкоски

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

ГОБ „8 Септември“ доби хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и за потреби на спортисти