Утрински Весник
Македонија

МВР: Не е точно дека полицаец нема да биде избркан од работа ако е осуден

Mvr.jpg

Во врска со написите објавени на некои портали поврзани со измените на Законот за полиција со тврдења дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа, Министерството за внатрешни работи најостро ги отфрла неточните и тенденциозни наводи и ја информира јавноста за следново:

Бришењето на членот 119 од Законот за полиција, кој досега го регулираше престанокот на работен однос на полициски службеници по правосилна пресуда, не значи укинување на санкционирањето, туку усогласување со новиот Закон за внатрешни работи и генералната регулатива од Законот за работни односи.


Имено:

– Предметната материја сега е регулирана во член 154 од новиот Закон за внатрешни работи, кој се однесува на сите вработени во Министерството, вклучително и на полициските службеници.

– Дополнително, член 154 од ЗВР е во целост усогласен со член 99 од Законот за работни односи, кој го регулира прашањето на отказ поради правосилна судска одлука, изречена забрана, безбедносна мерка или казна затвор подолга од шест месеци.

Со ова, не само што не се укинува одговорноста, туку се постигнува усогласен, правно доследен и функционален пристап, без дуплирање на законски одредби во повеќе закони.

Законот за полиција е специјален закон кој ги уредува само правата и обврските на полициските службеници, додека Законот за внатрешни работи важи за сите вработени во МВР, вклучително и полициските службеници.

Квалификациите дека со измените се дозволува „осудени полицајци да останат на работа” се неосновани, непрофесионални и ја дезинформираат јавноста, без да го земат предвид законскиот контекст и усогласеноста на прописите.

Министерството останува посветено на законитоста, интегритетот на полицијата и транспарентно информирање на јавноста

Можете да прочитате

Почнува изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница – Тетово“

Таравари ги објави кандидатите: Лимани останува во Гостивар, Рамадани трча за Сарај

Каде патуваат Македонците најмногу за летните одмори: Грција води, но Албанија брзо го стигнува врвот