Утрински Весник
Македонија

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

Kocani.jpg

И оваа сабота во центарот на Кочани се одржа „Маршот за ангелите“, организиран од членовите на семејствата на младите кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март годинава.

Министерството за внатрешни работи денеска не им дозволува на граѓаните од други градови да влезат во Кочани со цел учество на најавениот собир „Маршот за ангелите“, јавува порталот Рацин.мк


Денешниот протест започна со изјава на Розета Џамова, сестра на починатиот Јорданчо Џамов, која потсети дека семејствата и натаму бараат одговорност од институциите за трагедијата и дека нема да се откажат од борбата за правда.

Можете да прочитате

Незаштитен отвор за лифт кобен за Љушев: Кривични пријави против две фирми

СДСМ ќе поднесе законски решенија за покачување на платите на работниците и замрзнување на платите на функционерите 

СДСМ ќе поднесе закони за повисоки плати: 600 евра минималец и замрзнување на платите на функционерите