Утрински Весник
Македонија

МВР направи план кого ќе пушти на граница: на секој што пријавил делегација, ќе му биде дозволено да оддаде почит

Расчистена кражба во Ресенско, уапсени тројца крадци
Dik 300x250 mk

Министерството за внатрешни работи при одлучувањето кому ќе му биде дозволен влез во државата за да оддаде почит на гробот на Гоце Делчев, ќе се раководи од почитувањето на македонскиот народ и нашето достоинство. Според планот, одлуките за тоа кој ќе биде пуштен да ја мине границата, ќе се носат во вистинско време.

dobivaj vesti na viber

„Според информациите што постојано ги добиваме и ги анализираме, конкретни одлуки ќе се носат во вистинско време во однос на сите аспекти за влез во државата. Основа на сите тие одлуки ќе биде почитувањето на нашата држава, македонскиот народ и на нашето достоинство. Тоа ќе биде основата на носењето какви било одлуки. Според државниот протокол, на секој што пријавил делегација за да оддаде почит, ќе биде овозможено тоа да го направи“, велат од МВР за „Макфакс“.

Повикувањето на информативни разговори во полиција на граѓани, припадници на здруженија и политички партии, од МВР велат дека било за да се избегнат инциденти.

„Во согласност со полициските овластувања пропишани во Законот за полицијата (чл. 43), полицијата е овластена да повикува граѓани на информативни разговори со цел собирање потребни известувања неопходни за извршување на полициските работи, како и со цел превентивно дејствување, укажувања во насока на изразената потребата од граѓанска одговорност, а заради избегнување потенцијални кривично-правни настани“, објаснија од МВР.

Премиерот Димитар Ковачевски денес апелира патриотските здруженија и поединци да се воздржат од провокации и повика секој што сака да присуствува на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, да се пријави.

Можете да прочитате

Беличанец: СДСМ може да победи, потребна е јасна социјална политика за сите категории граѓани

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица