Утрински Весник
Скопје
Img 7972

МВР најави засилени мерки против непрописното паркирањ

Pajak poc 1.jpg
Img 7972

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.

Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Резултатите од локалните, ќе предизвикаат предвремени парламентарни избори, смета Османи

Николоски: После три децении се гради водовод во Љубанци и Љуботен 

(Видео) „Реално“ со Марко и Орце: Ако не бев во политиката сигурно ќе бев доктор