Утрински Весник
Македонија

МВР: Лажни се дојавите за бомби

МВР: Лажни се дојавите за бомби

Македонското Министерство за внатрешни работи „ја извести јавноста дека се направени сите потребни проверки во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“.

dobivaj vesti na viber

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со проверките во останатите објекти за кои беше добиена пријава и по завршувањето на проверките соодветно ќе ја информираме јавноста“ се вели во соопштението од МВР.

Можете да прочитате

Синдикатот предупредува со години, М-НАВ уверува – колку е навистина безбедно македонското небо?!

Агенцијата за супервизија на осигурување троши 7,5 милиони денари за возила на лизинг што не се во нејзина сопственост

Македонската полиција се ребрендира – МВР ги повикува сите заинтересирани компании да учествуваат на тендерот