Утрински Весник
Македонија

МВР една од најтранспарентните институции во земјата и регионот

Najtransparentni institucii

Фондацијата Метаморфозис ги презентираше резултатите од Проценката на состојбата на добро владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност – Собрание и извршна власт.

Претставниците на Метаморфозис ги презентираа резултатите на Индексот на отвореност на извршно ниво. Топ три отворени институции оваа година се Министерството за одбрана со исполнетост од 89.72%, Владата која исполнува 79.14% и Министерството за внатрешни работи со 78.9% исполнетост на индикаторите за отвореност. Тоа покажува исклучителна транспарентност на институциите во Република Северна Македонија во споредба со минатото и во споредба со институциите во регионот во кои министерствата исполнуваат помалку од половина од поставените индикатори – во Црна Гора 37,40 %, Србија 51,48 %, Босна и Херцеговина 37,4 %.

Транспарентноста е исклучително важен фактор во имплементацијата на антикорупциските политики и проактивноста на институциите овозможува граѓаните, граѓанските организации и претставниците на медиумите полесно, побрзо и поефикасно да добиваат информации за работењето на институциите, како и да вршат контрола врз нивното работење.

Четирите столба на Индексот на отвореност го дефинираат и го проценуваат доброто владеење заедно со следниве начела:
пристапност – го проценува степенот до кој правото на пристап до информации е гарантирано со закон и во практика, како и квалитетот на механизмите за вклучување и за консултации при
процесите на креирање на политиките;
ефикасност – ја разгледува посветеноста на институциите да учат од тековните процеси и да ги подобрат преку воспоставени системи за следење, евалуација и учење – со употреба на клучни
точки/индикатори за време на стратегиското планирање и известување;
транспарентност – ја проценува јавната достапност на организациските информации, буџетот и постапките за јавни набавки, додека, пак,
интегритетот го оценува присуството на механизмите за спречување судир на интереси, за регулирање на лобирањето, како и на достапноста на кодексот за етичко однесување што ќе го води и ќе го санкционира однесувањето на државните службеници и на јавната администрација.

 

Можете да прочитате

Општините лани потрошиле рекордни 190 милиони евра на тендери

Во јуни најмногу странски туристи од Турција

„Јон Вардар против Галаксијата“ на Цветановски со азиска премиера во Манила