Утрински Весник
Македонија

МВР: Дисциплински постапки за тројца полицајци, расчистен случајот со нелегално користење на „флешери“

Експлозија во ресторан во Шпанија, најмалку седум лица повредени

По извршени детални проверки од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, ја известуваме јавноста дека комплетно е расчистен случајот со нелегалното користење на т.н. флешери, за кој во јавноста беа пласирани низа шпекулации, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

Од обезбедените видео снимки и други службени материјали, како што велат, утврден е идентитетот на возачот Г.К. (29), кој управувал возило кое е во сопственост на правно лице.

Според надлежното министерство на Г.К. во полициска станица му е изготвен записник за констатиран прекршок од Законот за безбедност во сообраќајот и поведена е прекршочна постапка против правното и одговорното лице. Исто така, по извршена контрола врз возилото во полициска станица, утврдено е дека се отстранети нелегално поставените флешери.

По детални проверки на службените материјали, како и преглед на видео материјал и фотографии, констатирано е дека на 26.11.2022 во 17.25 часот во СВР Скопје е добиена анонимна пријава дека патничко возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблички со голема брзина и вклучени флешери се движи од Качанички пат кон Скопје, по што се известени службите на терен за да го запрат возилото. Но, по неколку минути, В.А., раководно лице во СВР Скопје, дал насоки да се повлече објавата односно да не се запира возилото затоа што, како што кажал, било службено, и со тоа довел во заблуда двајца полициски службеници од Центарот за известување и команда, кои без проверка ја повлекле објавата и ја запреле потрагата по возилото.

Против тројцата се изготвени иницијативи за дисциплинска постапка од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Можете да прочитате

Вечерва вооружено лице држи заложници, неофицијално има и мртви во Прилеп

Шекеринска: Русија е главна закана за НАТО – зголемување на одбранбените буџети е историска потреба

Комеморација без сите деца? Скандал околу организирањето на одбележувањето во Кочани