Утрински Весник
Македонија

МВР апелира: Граѓаните да бидат крајно внимателни со кого споделуваат лични податоци на интернет

МВР апелира: Граѓаните да бидат крајно внимателни со кого споделуваат лични податоци на интернет

МВР со апел до граѓаните да внимаваат и одговорно да постапуваат со своите лични податоци, да не ги споделуваат на непознати лица. Ова предупредување следи по се почестите лажни игри на интернет кои најавуваат награди.

dobivaj vesti na viber

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи во изминатиот период констатираше зголемена појава на пријави за лажни наградни игри на интернет, преку користење на социјалните мрежи, особено преку социјалната мрежа Фејсбук, преку отворање на лажни профили именувани по некоја позната компанија од земјата со долгогодишно постоење, со цел неовластено прибавување на лични податоци од граѓаните.

При отворањето на лажните профили се користат логото и брендот на компанијата, со објава дека поради одреден повод (наводен роденден на компанијата и слично) се организира наградна игра со разни подароци за среќните добитници, како на пример вредносни ваучери, мобилни телефони и други наводни награди. Притоа од граѓаните, за да учествуваат во овие наградни игри кои се лажни, од се бара да извршат допаѓање „like“ на страната и на конкретната објава, во коментар да напишат „учествувам“, како и да извршат нејзино споделување, со цел што повеќе да се рашири лажната наградна игра. Потоа од креаторите на овие лажни наградни игри им се испраќа порака на граѓаните дека се добитници на награда, а за нејзино подигање потребно е да ги дадат своите лични податоци, да испратат слика од нивната лична карта (од двете страни), како и фотографија од имателот на личната карта.

Оттаму, Министерството за внатрешни работи во интерес на заштита на граѓаните, на нивните лични податоци и можните злоупотреби и последици што можат да произлезат, апелира до јавноста за посебна внимателност при споделување на лични податоци на други лица, особено преку интернет. Воедно, апелираме до граѓаните со особено внимание и одговорно да постапуваат со своите лични податоци, да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет.

Можете да прочитате

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)