Утрински Весник
Македонија

МВР алармира за голема измама: Лажни профили се претставуваат како Интерпол и нудат помош за изгубени инвестиции од „Конти”

Mvr.webp.webp
Dik 300x250 mk

МВР информира дека зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на Интерпол или Министерството за внатрешни работи или во име на компании кои нудат некаков вид на помош, посредување па дури и враќање на парични средства на лица кој своите средства ги изгубиле во лажни онлајн инвестиции како што беше „Конти“ и други слични на него.

Во однос на горенаведеното сакаме како Министерство за внатрешни работи да информираме а воедно и да предупредиме дека се работи за класични интернет измами или таканаречени Phishing измами чија цел е прибирање на лични податоци со цел понатамошно нивно користење во криминални деанија, како и злоупотреба на нивните платежни картици со цел стекнување на финансиска корист.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквиот вид на измами и да бидат многу внимателни каде ги оставаат своите лични податоци како и податоците од своите платежни картици. Исто така напоменуваме дека Министерството за внатрешни работи има свои канали на комуникација, односно сите линкови кои се поврзани со нашето министерство можете да ги најдете на официјалната на страна на министерството за внатрешни работи, односно www.mvr.gov.mk.

Можете да прочитате

Шлепери почнаа да се паркираат на тротоарите во Чаир

Хаос кај кулите Џевахир: Пијан возач со голема брзина удри во контејнери и автомобили!

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат