Утрински Весник
Спорт

МВП на Бундеслигата пристигна во Звезда

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда го донесе Јаго Дос Сантос. Бразилецот минатата сезона ја мина во Улм. Дос Сантос потпиша тригодишен договор со клубот.

dobivaj vesti na viber

Јаго Дос Сантос со Улм минатата сезона ја освои титулата во Бундеслигата. Бразилецот сезоната ја заврши со наградата, МВП.

Со тимот играше и во Еврокупот, каде што беа елиминирани во четврт-финалето од Турк Телеком.

На 20 натпревари во континенталното натпреварување тој во просек за 26 минути бележеше по 13 поени, шест асистенции и три скока.

Летово играше во Летната лига за Чикаго каде на четири натпревари имаше осум поени и 4,5 асистенции по натпревар за 19 минути минати на паркетот.

Играше и за најголемиот бразилски клуб Фламенго, со кој го освои Интерконтиненталниот куп во 2022 година.

Јаго Дос Сантос е деветтото засилување на Звезда во летниот преоден рок по Дејан Давидовац, Марко Симоновиќ, Милош Теодосиќ, Адам Ханга, Мајк Тоби, Џоел Боломбој, Рокас Гидраитис и Шабаз Нејпир.

Претходно шестмина играчи ја напуштија Црвена звезда, а Стефан Марковиќ стави крај на кариерата.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност