Утрински Весник
Свет

Муслиманите во САД ги повикуваат гласачите да не гласаат за Бајден поради неговата политика кон Израел

27nat Michigan Biden 01 Jbgc Jumbo.webp.webp

Во американската сојузна држава Мичиген денеска се гласа на претседателските прелиминарни избори, каде се очекува тоа да биде само уште една потврда за Доналд Трамп, додека лидерот на демократите Џо Бајден се соочува со незадоволството на муслиманите и Американците со арапско потекло поради војната во Газа.

Актуелниот претседател нема никаква сериозна закана во својот табор во однос на нова трка за Белата куќа бидејќи неговиот единствен противкандидат, демократот Дин Филипс од Минесота е далеку зад него и добива помалку од 10 отсто од гласовите на анкетите.

Но, како што расте бројот на жртви во конфликтот меѓу Израел и Хамас, поддршката на муслиманите и арапско-американците за Бајден се намалува во државата на Средниот Запад.

Пред четири години Бајден победи во Мичиген со само 150.000 гласови, а сега муслиманско-арапскиот блок ги повикува своите приврзаници да поднесат празно гласачко ливче, со што го притиска Бајден да ја одбие поддршката за Израел и да повика на итен прекин на огнот.

На републиканската страна, Доналд Трамп веќе освои четири држави кои гласаа, вклучително и Јужна Каролина во саботата, а Мичиген не треба да ја прекине својата трка за републиканска номинација.

Неговиот единствен преостанат предизвикувач, поранешната амбасадорка на Обединетите нации, Ники Хејли, загуби во нејзината родна држава Јужна Каролина, но таа одбива да се откаже и вели дека не верува дека Доналд Трамп може да го победи Џо Бајден во ноември.

Во неделата, таа доживеа уште еден удар кога мрежата на богатото семејство Кох објави дека ги стопира донациите за нејзината кампања.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта