Утрински Весник
Македонија

Муртезани и Рокас ќе презентираат мерки и активности од Планот за раст и Реформската агенда

20250327164435 Big 730x400 77.webp.webp

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, денеска во 11 часот ќе презентираат мерки од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Северна Македонија.

На презентацијата во Медија центарот на Владата ќе бидат претставени конкретните активности од Реформската агенда, како и Планот за комуникација и видливост на Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024 – 2027 на Северна Македонија.


Целта, како што наведуваат од Министерството за европски прашања, е да се приближи евроинтегративниот процес до граѓаните и да се поттикне нивното активно учество во процесот на реформи. 

Можете да прочитате

Перински: Со две раце потпишувам – идниот градоначалник на Скопје ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам

Утре не очекува уште потопло време – температурата ќе достигне до 36 степени