Утрински Весник
Спорт

Мурињо во јануари ќе го засили редот за врска

Мурињо во јануари ќе го засили редот за врска

Жозе Мурињо, тренерот на Рома, побарал од клупските челници едно засилување во зимскиот преоден рок. На списокот се тројца играчи. Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома е заинтересирана за тројца квалитетни играчи, кои на крајот од сезоната ќе бидат слободни играчи.

dobivaj vesti na viber

Скаутите на Рома ги следат Даглас Луиз од Астон Вила, Ауар од Лион и Себаљос од Реал Мадрид.

Во изминатите четири кола Бразилецот беше на теренот сите деведесет минути во три натпревари, јасно е дека Џерард би сакал да го задржи во тимот.

Од друга страна, Ауар, поради проблемите со повредите, оваа сезона одигра само половина час во дресот на Лион.

Што се однесува до Себаљос, Шпанецот добива одредени минути во Реал, но јасно е дека тој ќе замине од тимот.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027