Утрински Весник
Спорт

Мурињо вербално го нападнал претседателот на Лацио

Мурињо вербално го нападнал претседателот на Лацио
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лацио, вчера во „Дерби дела капитале“, со 1:0 ја победи Рома. Мечот го реши Закањи во второто полувреме. Рома, речиси еден час играше со фудбалер помалку, бидејќи поради два жолти каротни беше исклучен Ибањез.

dobivaj vesti na viber

По завршувањето на натпреварот, пред соблекувалните вербална пресметка имале Жозе Мурињо и претседателот на Лацио, Клаудио Лотито се судрија во соблекувалната.

Мурињо поради суспензија беше на трибините, но добил дозвола од Фудбалскиот сојуз на Италија, да може да влезе во соблекувалната по завршувањето на натпреварот.

Според медиумите, се започнало кога капитенот на Лацио, Алесио Ромањоли славел пред соблекувалната на Рома, поради што неговиот соиграч од репрезентацијата Џанлука Манчини му рекол дека е „го..о.

Првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, додека се обидувал да ги разели фудбалерите, налетал на нервозниот Мурињо.

„Што гледаш?“, наводно извикал Португалецот во правец на првиот човек на Лацио, на што Лотито му возвратил: „Јас сум претседател на Лацио. Кој си ти? Ова е мојата куќа и не треба ни да си тука“.

Неофицијално, имало и конфликт меѓу Луис Алберто од Лацио и помошникот на Жозе Мурињо, Салваторе Фоти, па директорот на Рома, Тиаго Пинто ја смирил ситуацијата.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов