Утрински Весник
Спорт

Мурињо побарал да му го донесат Максимовиќ

Мурињо побарал да му го донесат Максимовиќ

Жозе Мурињо, по синоќешниот дебакл во Удине, побарал од клупските челници да му донесат уште еден дефанзивец. Удинезе во петтото коло ја победи Рома со 4:0.

dobivaj vesti na viber

Играчите на Рома особено оние од последната линија имаа кошмарна ноќ во Удине, не блескаше ниту голманот Руи Патрисио, поради што „волчицата“ го претрпе најтешкиот пораз во меѓусебните дуели со Удинезе.

Тренерот Жозе Мурињо, по натпреварот побарал од клупските челници да го донесат Никола Максимовиќ.

Поранешниот српски репрезентативец е без клуб, тој стана слобиден играч на крајот од нината сезона кога со Џенова испадна од Серија А.

И покрај тоа што преодниот рок е завршен, Максимовиќ ќе може да потпише договор бидејќи е без клуб. Ќе има право на настап во Серија А, но не и во Лига Европа.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет