Утрински Весник
Спорт

Мурињо ги одбил Бразилците

Мурињо ги одбил Бразилците

Фудбалскиот сојуз на Бразил е во потрага по нов селектор по разделбата со Тите. Се шпекулираше дека функцијата ќе ја преземе Жозе Мурињо, но тој никогаш не бил реална опција да седне на клупата на „Селесао“.
Бразилците решиле да ангажираат странски тренер, проверено име, а според некои медиуми Португалецот ја одбил понудата.

dobivaj vesti na viber

Претходно, поранешниот играч на Мурињо во Порто, Карлос Алберто, рашири гласини дека 59. годишниот тренер го повикал во стручниот штаб на националниот тим.

Мурињо нема намера да се занимава со селекторска функција, туку неговиот фокус е да работи во клубот, односно во Рома.

Римска „Волчица“, моментално е шеста во Серија А, а наскоро ќе ги игра натпреварите во 1/16 финалето од Лигата на Европа против Салцбург.

Бразил беше елиминиран од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност