Утрински Весник
Спорт

Мурињо ќе „паузира“ четири европски мечеви по навредите за судијата Тејлор

Мурињо ќе „паузира“ четири европски мечеви по навредите за судијата Тејлор

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо доби казна од четири меча од УЕФА за навредите кон англискиот судија Ентони Тејлор по финалето од Лига Европа, кое „волчицата“ го загуби од Севилја на пенали по 1:1 ремито.

dobivaj vesti na viber

Мурињо и италијанските фанови беа убедени дека Тејлор ја оштетил Рома откако не досуди јасен пенал, по што Мурињо го чекаше Тејлор на паркингот по мечот нарекувајќи го „срамота“. По мечот, Мурињо изјави дека Тејлор „изгледал како Шпанец“, а ден потоа, кога Тејлор и неговото семејство си заминуваа на аеродромот во Будимпешта беа нападнати од навивачите на Рома.

УЕФА исто така ги казни Вест хем со еден гостински меч без навивачи откако тие фрлаа со предмети кон играчите на Фиорентина за време на финалето на Конференциската лига со Фиорентина.

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026