Вкупната посетеност на претходните 48 натпревари на Светското првенство во Катар изнесувала нешто повеќе од 2,45 милиони гледачи, што е 96 отсто од капацитетот на стадионите.
Пред четири години во Русија, првата фаза ја следеле 2,17 милиони фанови.
Најгледан натпревар досега е дуелот помеѓу Аргентина и Мексико, во второто коло од групата Ц (2:0), кој на стадионот „Лусаил“ го проследиле 88.966 навивачи.
„Исходот од групната фаза покажува до кој степен повеќе земји ги развиле своите системи за да се натпреваруваат на највисоко ниво. Ова е резултат на подобра подготовка и анализа на противниците, што исто така е одраз на подеднаков пристап до технологијата. Тоа е во согласност со напорите на ФИФА да ја зголеми конкурентноста на фудбалот на глобално ниво“, изјави шефот за глобален фудбалски развој на ФИФА, Арсен Венгер.
ФИФА објави дека „Фан фестивалот“ во паркот Ал Бида го посетиле повеќе од еден милион фанови.