Утрински Весник
Македонија

Муцунски во посета на Австралија

Mucunski.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска до 13 февруари ќе престојува во работна посета на Австралија, што претставува прва посета на македонски министер за надворешни работи по пауза од 15 години.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на интензивната политичка агенда, планирана е средба со министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг, на која ќе бидат потврдени добрите и пријателски билатерални односи, како и можностите за нивно натамошно продлабочување, особено на економски план. На средбата се очекува и размена на мислења за актуелните меѓународни прашања.


-Покрај политичките средби, агендата на министерот вклучува активности за економска промоција на земјата, како и бројни средби со истакнати стопанственици и претставници на бизнис-секторот. Во рамките на посетата, министерот Муцунски ќе оствари и средби со македонски и австралиски бизнисмени, како и со членови на Групата за пријателство со нашата земја во Парламентот на Австралија, стои во соопштението на МНРиНТ.

Оттаму додаваат дека во фокусот на посетата ќе биде и средба со претставници на македонската дијаспора во Австралија.

Министерот ќе даде и интервју за државното SBS радио на македонски јазик, во кое ќе се осврне на актуелните политики и приоритети во односите помеѓу двете земји. 

Можете да прочитате

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово