Утрински Весник
Македонија

Муцунски утре ќе се сретне со шефот на бугарската дипломатија Георгиев на маргините на Минхенската безбедносна конференција

Mucunski.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна политика Тимчо Муцунски утре на маргините на Безбедносната конференција во Минхен, Сојузна Република Германија, ќе има средба со шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев, потврди Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Ова ќе биде прва средба на високи претставници на двете земји по изборот на новата Влада во Софија.
Министерот Муцунски е дел од Делегацијата што ја предводи премиерот Христијан Мицкоски на Безбедносната конференција во Минхен, во чиј состав се и министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.


На 61 Минхенска конференција што се одржува од 14 до 16 февруари ќе се овозможи висок дијалог за клучните надворешни и безбедносни предизвици што се актуелни прашања на политичките лидери. На конференцијата присуствуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс и државниот секретар Марко Рубио.

Можете да прочитате

(Видео/Фото) Големо албанско знаме се вее среде Водно

Народот е гладен, цените повторно се качуваат за да се намалат – Граѓаните за последната мерка на Владата (ВИДЕО)

Цената на лебот да се намали на 20 денари, бара Асоцијацијата на земјоделци и фармери