Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Таблет уреди, парична помош и униформи за учениците

Муцунски: Таблет уреди, парична помош и униформи за учениците

„Додека учениците и родителите живеат во неизвесност и кога има се помалку инвестиции во образованието и младите, Општина Аеродром е целосно подготвена за почетокот на новата учебна година“. Ова, во видео обраќање на својот фејсбук профил го истакна градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, посочувајќи ги инвестициите во образованието и образовната инфраструктура кои беа реализирани во текот на летниот период.

dobivaj vesti na viber

„Изминатите неколку месеци, беше реконструирана внатрешноста на повеќе основни училишта на територијата на Аеродром, а неколку училишта добија нова фасада, современи игралишта за фудбал, ракомет и кошарка, училница на отворено и простори за релаксација и забава на учениците. Во основното училиште „Лазо Ангеловски“ како најголемо училиште во Македонија, беа поставени нови пристапни рампи, пристапен лифт и други инклузивни содржини, со што во училиштето беа обезбедени услови за целосно инклузивна настава“, соопшти општина Аеродром.

Градоначалникот Муцунски потенцираше дека во моментов тече пријавувањето за парична помош за првачиња, со што секое новозапишано прваче во училиштата во Аеродром ќе добие 3500 денари.

– Исто така, новата учебна година учениците ќе ја започнат со нови училишни униформи, а децата од четврто одделение ќе ги добијат бесплатните таблет уреди за полесно совладување на наставата, додаде тој.

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош