Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Први во регионот потпишавме Партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ – и тоа не е симболика, туку конкретна поддршка!

Mucunski 780x470 1.jpg

Во ново видео објавено на социјалните мрежи, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, зборува за важноста и придобивките од безбедносното партнерство со Европската Унија, при што ја потенцираше важноста што нашата држава е прва од регионот што потпиша вакво партнерство со ЕУ.

„Државата не се брани со зборови. Се брани со сојузници, опрема и знаење. Заедничките вредности не се декларираат – се штитат и се живеат”, вели Муцунски.


Тој нагласува дека преку ова партнерство државата добива 15 милиони евра поддршка за Армијата, модерна опрема, обука, комуникациски системи и отпорност на нови закани, и дека ова е само почеток.

„Кон што целиме? Посилна армија. Вистинска безбедност и сигурност за граѓаните. Европска интеграција што не е само збор, туку реалност”, потенцира Муцунски.

„Ова не е симболика – ова е стратегија што ја живееме. Со дела”, порачува министерот во видеото.

Минатата година државата потпиша Договор за партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија, со што е прва земја од регионот на Западен Балкан што воспоставува вакво партнерство со ЕУ. Договорот меѓу Северна Македонија и ЕУ во Брисел го потпишаа министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци