Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Муцунски – Плаколм: Поддршка од Австрија за проширувањето на ЕУ

1 1.jpg
300x250 opst2

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Тимчо Муцунски оствари средба со министерката за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудиа Плаколм, која престојува во работна посета на нашата земја.

Во фокусот на разговорите беа актуелните прашања поврзани со европската интеграција и напредокот на државата во процесот на пристапување кон Европската унија. Министерот Муцунски ја реафирмираше стратешката определба за членство во Унијата, нагласувајќи ја посветеноста кон спроведување на реформите, унапредувањето на регионалната соработка, добрососедските односи и придонесот кон стабилноста и мирот во регионот.


На средбата беше потврдена и континуираната поддршка на Австрија за проширувањето на Европската унија и нејзината важна улога во поттикнување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Двајцата соговорници ги потврдија одличните билатерални односи меѓу двете држави, при што изразија подготвеност за нивно понатамошно унапредување, со посебен акцент на продлабочување на трговската и економската соработка.

Можете да прочитате

Апасиев: Заедно до победа – борбата продолжува

Квалификуваното мнозинство за технички прашања во преговорите ќе спречи натамошни билатерални блокади

Филипче: Очајни се нападите од Мицкоски, човекот нема ни резултати ни капацитет да ја води државата