Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Новата детска градинка „Црвенкапа” во која ќе се згрижат над 200 дечиња добива нов и уникатен изглед

Муцунски: Новата детска градинка „Црвенкапа” во која ќе се згрижат над 200 дечиња добива нов и уникатен изглед
Dik 300x250 mk

Градинката има важна улога во процесот за социјализација и едукација на најмладите. Многу е важно дечињата со задоволство да одат во градинка, па затоа обрнуваме внимание на секој детаљ пред пуштањето во употреба на градинките, вели градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

dobivaj vesti na viber

„Дечињата од нашата општина ќе бидат сместени во модерни објекти, а секојдневно времето ќе го минуваат во простории и атмосфера креирана од нивниот омилен македонски бренд „Светот на Биби”. Новата детска градинка „Црвенкапа” добива нов и уникатен изглед во внатрешноста. Таа е изградена со капацитет за згрижување на над 200 деца и на површина од 1700м2, со осум занимални и најсовремени услови за згрижување на најмладите“, пишува Муцунски.

Општина Аеродром, додава во напишаното, продолжува да вложува во нови капацитети за децата. И понатаму инвестираме во изградба на нови објекти со што ќе ја оствариме нашата цел да нема повеќе чекања за упис во ваков тип на јавна установа.

Можете да прочитате

По долго време – Говор што ќе се памети

ВЛЕН: Кулата на лагите се урна на 19 октомври

Одложено рочиштето против мотоциклистот кој смртно прегази пешак во близина на Паркот на Франкофонијата