Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Наследството на Дејтонскиот договор нè потсетува дека дипломатијата може да ги сопре куршумите и да започне обнова на човечки животи

20250526091026 big 730x400 93.webp.webp

Три децении подоцна, наследството на Дејтонскиот договор нè потсетува дека дипломатијата, поддржана со единство и решителност, може да ги сопре куршумите и да започне обнова на човечки животи. Мирот не е крајна дестинација – тој е дисциплина. Процес. Одговорност. Одговорност која мора постојано да се негува, брани и обновува пред новите безбедносни закани.

Ова го истакнал министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во неговото обраќање на панел-дискусијата што се одржа во Дејтон, Охајо, по повод одбележувањето на 30-годишнината од Дејтонскиот мировен договор.


– Ми беше чест да се обратам на овој важен настан, каде што зборував за значењето на договорот за регионалната стабилност, за важната улога на САД во тој процес, како и за придонесот на нашата држава во зачувувањето на стабилноста и учеството во НАТО Алијансата, објави на неговиот фејсбук профил Муцунски.

Нагласил дека водството на Америка не е само добредојдено – тоа е незаменливо.

– Кога САД преземаат иницијатива, Алијансата стои посилна. Потенцирав и дека Западниот Балкан доживеа суштинска трансформација откако НАТО ги отвори своите врати – и затоа што Вашингтон подаде рака. Ние активно придонесуваме во Алијансата и чекориме заедно напред. Зашто за нас, НАТО не е само безбедносна структура – тоа е морален компас, напиша министерот Муцунски на фејсбук.

Можете да прочитате

Вечерва ѓубрето од Чаир заврши пред Град Скопје

Полноќен протест: Ганиу со граѓани собира ѓубре од Чаир и го носи пред Град Скопје

Орце, Коце или Златко? ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште без одлука за главниот град