Утрински Весник
Македонија

Муцунски на свечен настан во Стразбур по повод Денот на независноста и 30 години членство во Советот на Европа

2 3.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Стразбур – во срцето на европските институции – присуствуваше и се обрати на свечен настан по повод одбележувањето на Денот на независноста: 34 години од македонската независност и 30 години членство на Република Северна Македонија во Советот на Европа.

Во своето обраќање, министерот Муцунски потсети на значењето на 8 септември 1991 година, кога македонските граѓани „во еден глас се изјаснија на референдумот, определувајќи се за независна и суверена држава – кулминација на вековните стремежи на македонскиот народ за самоопределување и достоинствен живот во сопствената татковина.”


Тој истакна дека денес Северна Македонија е препознатлив и ценет актер на меѓународната сцена:

„Како членка на Обединетите Нации, Советот на Европа и горда членка на НАТО, активно придонесуваме за глобалниот мир и безбедност. Продолжуваме со борбата против организираниот криминал, трговијата со луѓе и шверцот на дрога – области во кои нашиот придонес е препознаен и ценет од меѓународните партнери,” нагласи министерот Муцунски.

Посебно беше потенцирана улогата на Советот на Европа:

„Во 2025 година ја одбележуваме 30-годишнината од нашето пристапување во Советот на Европа – организација која беше и останува витален партнер во поддршката на нашиот демократски развој, напредокот на правните реформи и зајакнувањето на институциите. Горди сме на длабоката, динамична и продуктивна соработка која зборува за сеопфатните и стратешки важни односи,” додаде тој.

Министерот Муцунски говореше и за европската перспектива и придонесот кон европската стабилност:

„Нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија продолжува со решителност и надеж. Подготвени сме да придонесеме, како рамноправни, за стабилноста, просперитетот и споделените вредности на Унијата. Ние не сме само млада европска демократија – ние сме народ со богата историја, силен дух и јасна визија за иднината,” потенцираше тој.

Можете да прочитате

Конкурсот на наградата „Илија Жупаноски“ е отворен до 1 октомври

ДОАЃА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Како да се заштитиме од гром?!

СДСМ до Мицкоски: Декласифицирај, па да видиме кој е уплашен