Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Лицата со аутизам ја имаат нашата поддршка, осветлувањето на објектите во сина боја е важно за подигнување на свеста

Муцунски: Лицата со аутизам ја имаат нашата поддршка, осветлувањето на објектите во сина боја е важно за подигнување на свеста

​Зградата на детската градинка „Буба Мара“ беше обоена во сина боја, со што Општина Аеродром даде симболична поддршка во одбележување на Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна потенцираше дека на ваков начин тој како градоначалник и општината праќа силна порака за поддршка на лицата со аутизам и покажуваат подготвеност заеднички да ги надминеме сите предизвици и пречки.

„Осветлувањето на објектите во сина боја е важно за подигнување на свеста за овој проблем, но и начин преку кој даваме поддршка за лицата кои живеат со аутизам и нивните семејства. Сите заеднички неопходно е да правиме многу повеќе – преку инклузивно образование, еднакви можности и средина каде сите ќе бидат еднакво почитувани“, истакна Муцунски во својата објава.

Преку секојдневните активности и проекти, Општина Аеродром активно работи на создаваање институции и заедница кои ќе бидат целосно инклузивни и ќе овозможат еднаков пристап и третман за сите граѓани кои живеат во општината.

Можете да прочитате

Петрушевски: СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира

(Видео) Нова епизода на подкаст Зрак со д-р Марина утре во 21.00 часот

За првпат после долго време – Воздухот во Скопје е чист