Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Градежната механизацијата работи на повеќе локации во општина Аеродром

Муцунски: Градежната механизацијата работи на повеќе локации во општина Аеродром

Препознавајќи ја важноста на новите инфраструктурни проекти и реконструкцијата и одржувањето на постојните како важен дел од унапредување на живеењето и решавањето на клучните проблеми на граѓаните, во Аеродром продолжува реализацијата на инфраструктурните инвестиции, кои се финансирани со средства од буџетот на Општина Аеродром, вели градоначалникот на Аеродром во објава на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

„Деновиве градежната механизацијата работи на повеќе локации во општината, а една од нив е дел од улицата Лисец, каде што реконструкцијата опфаќа промена на тампонскиот материјал и поставување нова асфалтна површина. Со реконструкцијата на овој дел од улицата се решава проблемот со површинското одводнување со кој подолг временски период се соочуваа граѓаните на овој дел од Аеродром“, вели тој.

Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук-страница истакна дека активностите за реконструкција на неколку улици во Аеродром ја одразува посветеноста на Општината за подобрување на инфраструктурата и создавање побезбедна и поодржлива урбана средина.

„Преку внимателно планирање, вклученост на граѓаните и квалитетна имплементација на проектот, даваме одговор на постојните инфраструктурни предизвици и го отвораме патот за поквалитетни услови за живеење на граѓаните“, потенцира тој во фејсбук-објавата.

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон