Утрински Весник
Македонија

Муцунски ја поздрави одлуката на САД за намалување на тарифите за македонските производи: Финализираме договор што ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери

Mucunski.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски попладнево преку социјалните мрежи ја поздрави одлуката на САД за значително намалување на тарифите за македонски производи – од 33% на 15%.

Како што истакна во објавата, овој чекор претставува важен поттик за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и јасен сигнал за градење на поамбициозно трговско партнерство.


Министерот Муцунски исто така посочи дека иако преговорите за сеопфатен договор за тарифна либерализација сè уште се во тек, оваа одлука е конкретен доказ за заедничката посветеност на отворање нови можности за нашите извозници, компании и економијата во целина.

„Остануваме целосно посветени на финализирање на договор што ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери и ќе создаде долгорочни придобивки за двете економии. Убеден сум дека со ова се поставуваат темелите за ново поглавје во македонско-американските економски односи, порача Муцунски.

Можете да прочитате

Жена со нож го повредила сопругот во Кавадарци

Михаилов: Нема застанување – конфискувани 5 запрежни коли со нелегални дрва 

Алијансата за Албанците ќе го обжалат Законот за прекршоци до Уставниот суд