Утрински Весник
Македонија

Муцунски ја посети болницата “Каролинска” во Стокхолм каде беа лекувани повредените од Кочани

Uploads thumbs resize 800x420 698496.jpg

Министерот Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде беа хоспитализирани македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани.

Во рамки на дводневната работна посета на Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ја посети универзитетската болница „Каролинска“ во Стокхолм, каде беа хоспитализирани четворица пациенти повредени во пожарот во Кочани.


Во текот на посетата, министерот оствари средба со раководството на болницата, при што беа презентирани капацитетите, ресурсите и експертизата со кои располага оваа реномирана здравствена установа, која во 2025 година беше рангирана како петта најдобра болница во светот.

Министерот Муцунски изрази искрена благодарност до целиот медицински персонал за солидарноста, високото ниво на грижа, стручност и професионалност.

„Имавме одлична можност прво да се заблагодариме на директорот на болницата, на докторите и медицинските сестри кои што работеле со нашите пациенти, но исто така да ја искористиме оваа посета за да извлечеме искуства и дополнителен мотив за соработка,“ изјави министерот Муцунски.

Во рамки на разговорите се отвори и прашањето за можностите за воспоставување институционална соработка помеѓу македонското и шведското здравство, со акцент на размена на искуства, експертиза и поддршка.

„Разговаравме за понатамошна соработка помеѓу нашите медицински центри и нашите здравствени власти со Медицинскиот центар ‘Каролинска’, и тоа во многу конкретни области. Останува да ги пренесеме тие контакти и можности до институциите во Скопје и заедно со колегите да почнеме поактивно да ја развиваме таа соработка во делот на здравството,“ додаде министерот во својата изјава, соопшти Министерството.

Можете да прочитате

Kрис Павловски за премиерот Мицкоски: Одлична личност и домаќин кој прифаќа идеи

Петрушевски: Законот на СДСМ за Кочани е неприменлив и политички мотивиран, не е во интерес на граѓаните

Таравари: Доколку има сомнежи во тие што се во Владата, нема што да бараме таму