Утрински Весник
Македонија

Муцунски: 8 Македонци најпрво со конвој до Египет па со државен авион ќе бидат вратени од Израел до Македонија

Mucunski.webp.webp

Предмалку заврши прес-конференција на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој ги соопшти најновите имформации во врска со транспортот на Македонците од Израел и нивно враќање во земјава.

Тој истакна дека МНР формирале кризен штаб, а со телефонски контакти преку амбасадата на Македонија во Тел Авив успеаја да лоцираат 28 државјани кои побарале евакуација.


„До утрешниот ден, 8 наши државјани, од кои 4 се деца, ќе заминат најпрво со безбедносен конвој до Египет а потоа со авион на Владата ќе треба да пристигнат во Скопје“, вели Муцунски.

Министерот Муцунски изјави дека околу 100 македонски државјани се наоѓаат на територијата на Израел, од кои досега 28 побарале евакуација за враќање во Македонија. Тој истакна дека дел од нив одбиле да бидат пренесени со конвој, кој како што вели многу други држави го бараат како решение. Поради откажаните летови тој рече дека засега не постои друг начин за нивно озвлекуцање од Израел, а секако доколку се јави можност безбедносниот конвој може да биде заеднички придружуван и со граѓани на некоја друга земја, за поголема безбедност.

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, надлежните апелираа до сите државјани на Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви.

Воедно, се апелира до сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.

Можете да прочитате

Тошковски: Македонија не заслужува да биде држава ако немаме правда за Кочани

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ – прва пратка предадена во Кочани

Сиљановска-Давкова од Тирана: Интеграцијата на регионот е неодложен геополитички и безбедносен императив за ЕУ