Утрински Весник
Свет

Му одбиле влез во земјата, а долетал од Турција: детали за пукањето во Молдавија

Му одбиле влез во земјата, а долетал од Турција: детали за пукањето во Молдавија

Странски државјанин денеска уби две лица на аеродромот во главниот град на Молдавија, Кишињев a kако шко пренесуваат светските медиуми, напаѓачот бил придружуван од граничари, кога од еден од нив зел пиштол и убил две лица.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот потоа бил неутрализиран, а специјалците му ставиле лисици, пренесоа агенциите.

„Опасноста во овој момент е отстранета. Агресорот е ранет и се наоѓа на лекување“, соопшти локалната полиција на социјалните мрежи.

Инаку, при пукањето патниците биле евакуирани од терминалот, а летовите беа прекинати.

Агенциите пренесоа дека напаѓачот долетал од Турција и дека пред пукањето му бил одбиен влез во земјата.

Можете да прочитате

Голем руски напад врз Украина со 300 дронови и 50 ракети

Унгарија најави дека утре ќе го блокира новиот пакет санкции на ЕУ кон Русија

Студентите во Иран излегоа на нови протести