Утрински Весник
Македонија

МТСП: Продолжуваат да важат мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури

Рекордно високи температури во Португалија и Шпанија

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

dobivaj vesti na viber

„Продолжуваат да важат мерките и препораките за деновите: 26.07.2023 година (среда) и 27.07.2023 година (четврток).

Општите мерки кои треба да се почитуваат се следниве:

Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години;

Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници;

Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област“, велат од МТСП.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.

Можете да прочитате

Живковски: Најскапиот стан во Скопје продаден за 3.070 евра квадрат

Агелер: Сто проценти сум сигурна дека се работи на уставните измени

На 20 декември во Скопје ДУИ ќе го одржи петтиот партиски конгрес