Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мртвородено бебе во битолската болница, докторите се обиделе да го реанимираат – но безуспешно

Мртвородено бебе во битолската болница, докторите се обиделе да го реанимираат – но безуспешно
Img 7972

Бебе починало при пораѓање на мајка на возраст од 21 година, во битолската болница. Причините за смртниот исход ќе треба да ја покаже обдукцијата. Бебето било родено со царски рез, посочува директорката на болницата, Елизабета Ивановска за „Макфакс“. Според неа, бременоста на родилката не била контролирана. Таа додава дека бебето било извадено без срцева акција, а не помогнале ниту реанимациите. Мајката во Македонија немала контролирана бременост, а до седми месец била во Германија.

dobivaj vesti na viber

Прва контрола на родилката била крајот на седми месец, на приватен гинеколог. Од таму била препратена во битолската болница каде е породена. Дали бременоста била контролирана во Германија, директорката не знаеше.

„Четири бремености имала, две бебиња и се починати. На исти начин, и починало бебето и пред три години. Бебето е родено мртво, без фрекфенција, срцева акција, ништо. Реанимирано е, немало никаков одговор. Имало голем вишок на плодова вода. Поради тоа е направен и царски рез. Најверојатно, имало аномалија, бидејќи во 90 отсто од случаите, кога има вишок плодова вода, тоа е причината“, вели Ивановска за „Макфакс“.

Таа посочува дека родилката немала забелешки од докторката која ја породувала.

„Незадоволство немаше“, додава Ивановска.

Родилката ќе биде задржана во болница.

„Таа е добра, ќе биде во болницата, како што е според протокол“, додава Ивановска.

Пред три месеци, во битолската болница, почина бебе, исто така на млада родилка.

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ